– Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, со низата неодамнешни чекори, покажа како еден државник треба да застане зад својот народ, пишува Фуад Мустафиќ во својата колумна за Босанскиот „Dnevni Avaz“.
„Со храбри и помалку дрски зборови, тој им одговори на претставниците на ЕУ дека и покрај занемарувањето на сè што оваа земја постигнала на нејзиниот европски пат, таа нема да се откаже од сонот. Оној сон кој граѓаните на Македонија го сонуваат со години.
Северна Македонија е единствената земја-кандидатка за ЕУ што го смени своето име. И покрај огромното незадоволство кај луѓето, тие сепак успеаа да донесат одлука и го сменија името во Северна Македонија.
Зарем тоа не му беше доволно силен аргумент, па и на францускиот претседател Макрон, кој беше најгласен во тоа дека Скопје сепак уште мора да стои пред европската врата.
Без оглед на тоа, Заев не запира. Па така, вчера тој најави и предвремени избори, кои сака да се случат што е можно поскоро. Со тоа се обидуваа да добие уште посилна поддршка од веќе ионака поделеното општество.
Човек ќе помисли дека ваквите смели одлуки може да ги следат и нашите домашни политичари. Ма, далеку сме ние од некој што прави идеи, соништа, визии… му го дава мандатот на народот.
Во сето ова, убаво беше да се види Премиерот, додека другите високи претставници на ЕУ го тапкаат по рамо. Тие му велат да почека некое време. Но … Тој не го сака тоа. Македонците го исполнија сето она што се бараше од нив, и зошто сега да чекаат.
Заев и тука изигра важна улога. Ги остави сите да го фалат, но сега сака тие него да го сослушаат.
На крајот, без оглед дали ќе поднесе оставка или не, ќе замине ли од политичката сцена или не, е небитно. Тој им одржа лекција на сите како треба да се следи еден сон и да се слуша својот народ“, завршува Фуад Мустафиќ.