Властите во Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирус, официјално забранија јадење на сите диви животни, пишува Британски Индипендент.
Локалната администрација во кинескиот град соопшти во средата дека заедно со забраната за потрошувачка, Вухан ќе стане „засолниште на дивиот свет“ каде што речиси целосно е забрането лов на диви животни, со исклучок на мерки за научно истражување, регулирање на населението, следење на епидемијата, болести и други посебни околности.
Како дел од забраната, градот воведе строги контроли за одгледување на сите диви животни со кое се забранува истите да бидат одгледувани за исхрана. Вухан исто така се приклучи на пошироката програма во земјата со понуда за откуп на стоката од фармерите кои одгледуваат диви животни. Плановите ќе им дадат на земјоделците можност да бидат компензирани за префрлување на одгледување овошје, зеленчук, чајни растенија или билки за традиционална кинеска медицина. Исто така, постои можност да се одгледуваат други животни, како свињи и кокошки. Првичното откупување опфаќа 14 видови животни и само фарми кои работат легално со дозволи за размножување пред забраната во февруари се подобни за програмата. Во моментов, забраната за Вухан трае пет години. Слични забрани има во градовите Пекинг, Шенжен и Жухаи, но истите се направени трајни.
Вухан, град со 11 милиони луѓе во провинцијата Хубеи во Кина, ги забележал првите случаи на „Ковид-19“ кон крајот на минатата година.
Потеклото на пандемијата сеуште се истражува, но еден од сомнителните извори е Хуанхан пазарот за морска храна кој вклучува и дел со продажба на живи животни, наводно, продавајќи повеќе од 30 видови на животни вклучувајќи и мали волчиња, златни цикади, скорпии и други животни од родот на мачки. Кина го затвори пазарот во јануари, но се уште е под притисок на глобалната заедница да се справи со својата нелегална трговија со животински свет, откако беше поврзана со појавата на зоолошки заболувања.
Глобалниот број на загинати сега е 318.789 лица од коронавирусот, објави денес Светската здравствена организација. Повеќе од 4,7 милиони луѓе се заразени ширум светот.
И.Е.