Напливот на поддршка изминатите денови дојде од толку многу луѓе, познати и непознати, што навредливите и заканувачки коментари се чинат минорни.
Им благодарам на сите што ми дадоа поддршка, но и што упатија осуда за искажаните гнасотии.
Искажаното е мој личен и самостојно изграден став, што заради нечии (чудни) цели беше спинуван и нападнат по целосно погрешни основи.
Стојам на ставот дека да се бара повторно да се организираат свадби во ек на пандемија не само што е неодговорно, туку е и себично.
Оркестрираната онлајн хајка само нè потсети сите каде и со кого живееме.
Очекувам органите на прогонот да постапат соодветно, за да се спречат понатамошни вакви онлајн малтретирања, навреди и закани.
Коментарите ќе продолжат да стојат и сведочат за варварството на некои, а од оние избришаните има скриншотови, а секако институциите лесно можат да ги најдат (ако сакаат).
Не е прв пат некои да се обидуваат да ме замолчат и заплашат. Впрочем, уште во 2011 година таткото на тогашната пратеничка Танчева на суд ми се закануваше дека „оваа муцка мора да се затне.“ (негови зборови)
Не успеаја тогаш, нема ни сега.
Нема да бидам поколебана или обесхрабрена!
Ќе продолжам јавно да ги споделувам своите ставови и размисли кои не загрозуваат никого, а придонесуваат кон разумна дебата за напредок кој толку му е потребен на општеството во кое живееме.
Фејсбук пост на Кристина Костова