ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЦИВИЛ: Не се потребни предвремени парламентарни избори

Цивил бара од институциите и од политичките центри на моќта да ја преиспитаат својата одлука да се оди на избори на 12 април и изборите да се спроведат најдоцна во јануари, а по можност и во декември. Тоа се брзи предвремени избори, а не април 2020 година, рече Дерала.

October 22, 2019 15:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ смета дека воопшто не се потребни предвремени парламентарни избори.  Доколу имаме предвремени избори тоа, како што велат, ќе претставува извесен ризик за земјата.

Предвремените парламентарни избори во овој момент за земјата ќе донесат сериозни забавувања дури и стопирање на важни процеси, процеси на реформи без оглед на тоа дали некој во земјата смета дека тие се успешни или не, велат од ЦИВИЛ.

„Сметаме дека треба да и се даде шанса на земјата да оди барем во еден нормален временски период по својот пат за да дојде евентуално до резултати по започнатите процеси и проекти, рече претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната прес-конференција.

Според ЦИВИЛ, притисокот од одредени политички структури и центри на моќта да има предвремени избори требаше да биде анулиран, игнориран од страна на институциите, односно од Владата. Ако има избори економијата може да доживее пад, реформите ќе бидат забавени или сопрени, ќе има проблем со развојот на институциите што се занимаваат со социјалната правда и мерките што се однесуваат на минималната плата…

„ЦИВИЛ бара од институциите и од политичките центри на моќта да ја преиспитаат својата одлука да се оди на избори на 12 април и изборите да се спроведат најдоцна во јануари, а по можност и во декември. Тоа се брзи предвремени избори, а не април 2020 година“, рече Дерала.

Дерала потсети дека е потребно подготвување нов Изборен законик кој, како што рече, е како швајцарско сирење, во него повеќе се користат дупките за да се спроведуваат одредени активности во изборните процеси, отколку самите законски решенија.

Дерала рече дека Избирачкиот список е во многу лоша состојба. Ако се оди на брзи предвремени избори, веруваат дека институциите имаат капацитет да спроведат „какви такви избори“.

ЦИВИЛ апелира политичките партии малку да намалат со интензитетот на кампањите и во нив сосема да го исклучат говорот на омраза и лажните вести, како и децата да бидат надвор од политиката.

Next Post

Катица Јанева и Боки 13 остануваат во притвор

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk