ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Волонтери од Општина Прилеп повеќе од 70 денови работат во служба на граѓаните

May 24, 2020 15:33
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Волонтерската служба на Општина Прилеп беше формирана веднаш после почетокот на кризата со КОВИД-19 и за целиот овој период, без ниту еден ден одмор, во континуитет им стои на услуга на граѓаните на Прилеп, пишува Зоран Милошоски пренесува Публикум.

Младите волонтери се вклучени во сите акции за делење на заштитни маски, дезинфекциони средства, хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, кои од прогласувањето на вонредната состојба во државата, Општина Прилеп ги организираше во голем број. Сепак, нивна приоритетна задача е да им помогнат на старите и изнемоштени лица, на болните и лицата со инвалидитет, кои во новонастатаната состојба имаат потреба од асистенција во нивното секојдневно функционирање.

Значењето на волонтерската служба особено дојде до израз за време на спроведувањето на најрестриктивните мерки за заштита од коронавирусот, во продолжените викенди кога полицискиот час непрекинато траеше и до 85 часови. За целото тоа време, волонтерите им беа во секој момент достапни на ранливите категории на граѓани, пазарејќи им од маркетите и аптеките се’ што во тие моменти им беше неопходно: прехранбени производи, средства за лична хигиена, лекарства… И така речиси седумдесетина дена.

Последните дваесетина денови, секоја вечер од 22.00 до 24.00 часот, волонтерите ги посетуваат пунктовите на кои дежураат полициските службеници во време на траење на полицискиот час, како и здравствените работници во Итната медицинска помош. За сите нив чаша сок, кафе, чај, вода и малку муабет со желби вечерта да им помине со што помалку интервенции.

Изминатите неколку денови, волонтерската служба посветено и трудољубиво работеше на распределба на 150 пакети со прехранбени производи, наменети за самохрани родители – корисници на гарантирана минимална помош, акција која Општина Прилеп заеднички ја организираше со донаторите, маркетите „Тинекс“, компанијата „Викторија Тобако“ и „Систина офталмологија“.

Прилеп отсекогаш имал причина да биде горд на своите граѓани. Бојан, Илија, Деспина, Миле, Мартин, Димитар, Кирил, Евгенија, Мики, Симеон, Дарио, Филип, Леонардо… се дел од волонтерската служба на Општина Прилеп, кои ја продолжуваат низата на знајни и незнајни херои кои ги изнедрил градот под Марковите кули.

 

Next Post

(ВИДЕО) Со канта бензин запали скопски ресторан среде забрана за движење

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk