ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Ако министерот Филипче има висок рејтинг, пушти лажна вест од пред година и пол!

May 25, 2020 09:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Треба ли да нè чуди што откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ тргнала во политички „лов на Филипче“, почнуваат да циркулираат лажни вести (и) во регионот?, анализира Вистиномер.мк.

Улогата на министерот за здравство д-р Венко Филипче во справувањето со пандемијата на вирусот ковид -19 кај нас наидува на прилично голема поддршка од јавноста.

Во последната анкета објавена во „Детектор“ дури 71,2 отсто од граѓаните велат дека се задоволни од работата на надлежните во справувањето со епидемијата со корона вирусот, објави порталот nezavisen.mk. на 16.05.2020.

Анализирајќи едно од последните соопштенија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, порталот заклучува дека:

Во главната опозициска партија решиле да одиграат ризичен политички гамбит, па од денеска, сабота, тргнаа во потера во симнување на аурата и кредибилитетот на министерот за здравство, Венко Филипче, во справувањето со епидемијата на корона кризата. Секако, тоа е поврзано со одлуката за датумот на изборите, од кој веќе, очигледно не може да се бега по позитивниот одговор од ОБСЕ/ОДИХР да ја продолжат набљудувачката мисија за предвремените избори прекината поради епидемијата на корона вирусот.

Ако, пак, се погледнат рејтинзите од екот на пандемијата кон крајот на март, тогаш рејтингот на министерот Филипче изнесувал и вртоглави за наши услови 82 отсто! Треба ли тогаш да нè чуди што откако е констатирано дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ тргнала во политички „лов на Филипче“, почнуваат да циркулираат лажни вести (и) во регионот? Не треба, тоа веќе стана редовна пракса. Но, овојпат е употребена и алатката на антиваксерите…

На 18.05.2020 на социјалните мрежи почна да се препраќа текст со бомбастичен наслов: „СКАНДАЛ: Македонски министер ја лажирал вакцинацијата за да ги убеди гражаните да ги вакцинираат децата! “ Со едноставно пребарување за неколку моменти може да се утврди дека овој текст, всушност, веќе бил објавен на порталите во регионот на српски и хрватски јазик пред речиси една година, а сега, со минимални корекции, е само преобјавен.

Извор: Вистиномер.мк

Next Post
Ден на младоста, Марибор 1961 година

Ден на младоста

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk