Уште 12 новозаразени од Ковид 19 во Скопје во текот на денешниот ден, со што бројот на активни случаи достига 204, а вкупно заразени досега се 725, информираа од министерството за здравство. Според информациите на „Фокус“, дури девет од заразените се од скопската општина Чаир и по еден од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош. Нашите извори уште информираат дека сите девет заразени од Чаир се од иста фамилија.
Во последните десетина дена, Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.
Како што досега неколку пати најавија здравствените власти, семејните собири и групирањата се главните проблеми што по драстичното намалување на бројките на заболени од корона вирус.
Извор: Фокус





