СЕКОЕ одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
УРЕДБИТЕ за мерките од третиот сет треба да се донесат неделава, по што и на граѓаните ќе им биде објаснето како да ги користат. Дел од мерките според најавите треба да почнат да се применуваат во јуни и јули.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.
ПО завршувањето на полицискиот час, од вторник јавниот превоз ќе продолжи да функционира од 5 часот наутро, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред.
ПРАВАТА на децата ширум светот се сериозно погодени од кризата поради коронавирус, со што се зголеми ризикот од принудна работа или брак, јави ДПА повикувајќи се на холандската невладина организација Права на детето.
МЕЃУНАРОДНИОТ Црвен крст повика, во писмо објавено денeска, да се стави крај на кибер нападите врз здравствените и истражувачките институции за време на пандемијата на коронавирусот.
ВРЕМЕТО денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.
А. Н. Стојчевски