ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рускоска: Јанева беше на пиедестал со „Чарлиевите ангели“, анимозитетот за неа почна по истрагата за „Рекет“

И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови која, според Рускоска, таа завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.

May 26, 2020 12:51
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото, изјави Рускоска.

Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба на против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.

Дел од завршните зборови на обвинителството во предметот „Рекет”, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милевски-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде овој му вели на Кичеец дека сметките на Камчев нема да бидат замрзнати.

– Нормално, ако му замрзнати сметките од каде ќе се врши исплатата, искоментира обвинителката Рускоска.

Исказот на сведокот, бизнисменот Томе Главчев, од Гевгелија, исто така беше опфатен во завршните зборови на обвинителството, делот каде што тој изјави пред судот дека бил скаран со обвинетата Катица Јанева, односно ценаta за рекламирање во 1ТВ се покачила по неговиот притвор предложен од СЈО.

На денешното рочиште за првиот предмет во историјата на правосудството каде обвинет е и обвинител, обвинителката Рускоска, го наведе и исказот на новинарот на 1ТВ, Кристијан Баневски, кој пред суд рече дека кога го прашал обвинетиот Јовановски, дали одреден бизнисмен го рекетирал, тој му одговорил дека од нешто моpa да се живее.

Во дополнение на доказна постапка, одбраната на Катица Јанева достави доказ дека поднеле приватна кривична тужба против лицето Бојан Јовановски, за неовластено снимање. Рускоска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и дека е вистина дека Јанева зела пари од обвинетиот Јовановски.

Таа исто потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, нема намера никого да штити.

– Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала анимозитет за Катица Јанева. Од почетокот сум ја поддржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, анимозитетот за Јанева, почна по истражна постапка за овој предмет, рече Рускоска.

И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови која, според Рускоска, таа завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.

Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната./МИА/

Next Post

Страв од летање

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk