МИНИСТЕРОТ Филипче ги објави денешните бројки за состојбата со коронавирусот: 14 оздравени пациенти, регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и генералниот директор на АД МЕПСО, Ева Шуклева во работна посета, пред пробното пуштање во работа на делницата од 110 kV далекувод „ТС Штип – ТС Пробиштип”.
Спасовски денеска соопшти дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите. За ова прашање, како што соопшти денеска по посетата на Штип, се разговара со соседните земји и со земјите од ЕУ.
Премиерот го посочи и фактот што со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.
Ги ЗАЈАКНАВМЕ професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство, напиша Заев во пост на Фејсбук.
СПОРЕД сѐ уште актуелниот пратеник, Хари Локвенец, формалниот статус на сите 120 народни претставници во овој момент е пратеници, и оттаму, не му се јасни противењата за повторно свикување на Собранието, особено за време на прва вонредна состојба во државата.
КАТИЦА Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.
ФРОНТ: ЏАБИР Дерала: Недоследност, неодговорност, незрелост…И скандали
ФРОНТ: САШО Ордановски за ЦИВИЛ медиа: Страв од летање.
Во ПРИЛЕП денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, како ни новооздравени од оваа заразна болест.
Во ИЗДАНИЕ на МАНУ излезе од печат Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), каде што се поместени 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија претставена во мрежата на населени пунктови во рамките на Општословенскиот лингвистички атлас – ОЛА.
Во СВР ВЕЛЕС синоќа околу 21.00 часот било пријавено дека на ул. „Јордан Џурнов“, во Велес по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 45 годишниот А.М. и неговата сопруга 42 годишната Е.Ј. од една страна и 36 годишниот С.К. и неговата 34 годишна сопруга А.К.(34), сите од Велес.
БЛАГОДАРЕНИЕ на глобалната кампања за финансирање на истражувања поврзани со вакцината и терапијата за третман на Ковид-19, собрани се 9,5 милијарди евра, објави претседателката на Европската комисија.
ЗАШТИТАТА на изборните кампањи од лажни вести ќе биде една од централните точки на Акцискиот план за европска демократија што ќе го донесе ЕК до крајот на годинава, рече комесарката на ЕУ, Јурова, за време на дебатата во Европскиот парламент во понеделникот.
ЕВРОПСКАТА комисија информираше дека на нејзино барање се отстранети „милиони лажни реклами“ ширум Европската унија, во соработка со националните власти за заштита на потрошувачите
Од УХМР посочуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од
дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.
А. Н. Стојчевски