Премиерот Зоран Заев и на својот Твитер профил изрази благодарност до САД за ратификацијата на протоколот за нашето членство во НАТО.
„Благодарност од мене и од нашите граѓани до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за нашето членство во НАТО. Сојузништвото и стратешкото партнерство со САД е гаранција за нашите стабилност, безбедност и развој.“
Благодарност од мене и од нашите граѓани до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за нашето членство во НАТО. Сојузништвото и стратешкото партнерство со САД е гаранција за нашите стабилност, безбедност и развој. ?? ?? #WeAreNATO #НиеСмеНАТО
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 23, 2019
САД е 25 земја-членка на Алијансата која го ратификуваше Протоколот. Останува тоа да го направат уште четири земји – Исланд, Холандија, Франција и Шпанија. Се очекува формалното членство да се случи во февруари идната година поради закажаните избори во Шпанија.