ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕЦДЦ: Затворањето граници не влијае многу за спречување на ширењето на вирусот

Во извештајот Европскиот центар за превенција и контрола на болести проценува дека затворањето на границите имало многу негативни ефекти врз економијата и било ефикасно само кога станува збор за одложување на епидемијата на нејзиниот почеток и во изолирани региони.

May 27, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Затворањето на границите не придонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Тие истакнаа дека мерките како што се тестирање на патниците пред поаѓање или мерење на температурата при пристигнување, генерално не се ефикасни.

Во извештајот Европскиот центар за превенција и контрола на болести проценува дека затворањето на границите имало многу негативни ефекти врз економијата и било ефикасно само кога станува збор за одложување на епидемијата на нејзиниот почеток и во изолирани региони.

Достапните докази не ги поддржуваат препораките за затворање на границата, што ќе предизвика значителни несакани ефекти и социјални и економски нарушувања во ЕУ, што нормално функционира со отворени граници меѓу земјите членки, соопшти Европската здравствена агенција.

Извештајот, исто така, укажува на тоа дека епидемиолошките податоци може да не се сигурни бидејќи европските земји не применуваат заеднички пристап за тестирање за Ковид 19 и известување за случаи, што го прави невозможно споредувањето на стапките на ширење на епидемијата.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести наведува дека принудувањето на луѓето да бидат тестирани пред патување може да има само ограничена вредност затоа што патникот може да се зарази непосредно пред поаѓање или за време на патувањето поради двонеделниот период на инкубација за тој вирус.

Што се однесува до проверката на температурата на патниците при пристигнувањето, ЕЦДЦ посочува дека патниците веќе можат да бидат заразени без да имаат температура.

Прашалниците пополнети од патниците за нивното здравје можат да понудат дополнителни корисни информации, но претставуваат ризик кога станува збор за заштита на податоците, според ЕЦДЦ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести исто така потенцира дека сертификатите за имунитет издадени по тест за антитела не се сигурни./МИА/

Next Post

15: Најдоцна до петок уредба за платежните картички, Реисот Реџепи разрешен од функција, ДКСК бара спроведување на Законот за дивоградби на Охридското езеро…

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk