ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина

– Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, тоа е единствен пристап. Сè друго би било неодговорно, изјави Вучиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“(ФТ), кој текстот го објави под наслов „Балканските држави сметаат на регионални врски по одбивањето на ЕУ “.

October 23, 2019 13:54
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на неговата политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија, пренесе МИА.

– Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, тоа е единствен пристап. Сè друго би било неодговорно, изјави Вучиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“(ФТ), кој текстот го објави под наслов „Балканските држави сметаат на регионални врски по одбивањето на ЕУ “.

Вучиќ кажа дека сега е очигледно процесот на пристапување во Унијата, да не зависи сè од земјите што се стремат кон тоа, иако секогаш токму така им се зборува.

– Тие секогаш велеа: од вас зависи, од брзината на вашите реформи… Сега се правични. Сега барем велат, не зависи од вас, рече Вучиќ.

Белград, како што наведува ФТ, е подготвен в петок да го потпише договорот за слободна трговија со Евроазиската унија и истовремено се залага за понатамошна регионална интеграција.

Британскиот весник забележува дека ваквите коментари можат да ги зајакнат стравувањата дека ЕУ го губи влијанието на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата не се согласија да ги започнат разговорите со Скопје и Тирана на самитот минатата недела.

Вучиќ исто така рече дека Балканот треба повеќе да стори за зајакнување на регионалната соработка.

Не можеме да зависиме од следната одлука на Европскиот совет или од тоа дали холандската влада ќе одлучи на овој или оној начин, или дали данската влада ќе направи нешто поразлично од тоа што ние го очекуваме, рече Вучиќ.

ФТ потсетува дека минатата недела Вучиќ заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, потпишаа декларација за формирање договор за соработка според Шенгенскиот модел кој предвидува слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги меѓу трите земји.

Со Декларацијата се повикуваат и другите земји во регионот да се приклучат со цел на создавање заеднички пазар од 18 милиони луѓе.

Вучиќ рече дека посветеноста на договорот е зајакната со преговорите за проширување на европскиот блок.

Претходно, како што кажа, соседите на Србија не беа заинтересирани бидејќи очекуваа многу повеќе од ЕУ.

-Сега, тие гледаат дека ние прво мораме да се свртиме едни кон други, се разбира, останувајќи на патот кон ЕУ, но неочекувајќи милост од никого.

Вучиќ додаде дека е подготвен да ги усклади стапките на данок на додадена вредност и стимулациите за инвестиции со Албанија и Северна Македонија, за кои рече дека ќе создадат пазар од 12 милиони луѓе меѓу трите земји.

ФТ потсетува дека Србија ги отвори претпристапните преговори со ЕУ во 2014 година и заклучува дека блокот ја смета за помалку подготвена за членство од Северна Македонија.

Дипломат на ЕУ во Белград за британскиот весник изјави дека Србија „едноставно географски“ е дел од ЕУ.

Политиката на Вучиќ за регионална соработка и балансирање со големите сили потсетува на географските пресметки направени од некогашна Југославија, која беше основач на Движењето на неврзаните, иако таа земја беше многу поголема отколку што е сега Србија.

Сепак, регионалната недоверба и билатералните проблеми се акумулираа за време на војните по распадот на Југославија и ќе претставуваат предизвик за подлабока соработка, оценува Фајненшал тајмс.

Next Post

„Лошиот работник“ наспроти „добрите работодавци“ - сè за 14.000 минимална плата

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk