Акционерското друштво „Пошта“ заклучно со 31 декември во 2018 година бележи загуба во вкупен износ од 594.563.000 милиони денари или околу 10 милиони евра. Само во 2018 година, загубата изнесува 166.754.00 милиони денари, а останатиот износ од загубата е пренесен од претходни години, почнувајќи од 2012 година, се вели во Конечниот извештајот на Државниот Завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на АД „Пошта на Северна Македонија“, пренесе Нова ТВ.
„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската состојба на друштво е значително влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот 01.04.2018 до 01.04.2019 година. Од осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура во изнор од 2.760.000 милиони денари која е платена оде сметката на АД „Пошта“ и евидентирана како трошок на истата“, се наведува во дел од извештајот на ДЗР.
Ревизорите во извештајот го објасниле и менаџерското осигурување и дале до Надзорниот одбор и до Собранието на друштвото да ја преиспитаат Одлуката за исплати по основ на менаџерско осигурување.
„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурените случаи, се предвидени исплати на отштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурени настани, платениот износ на премија за осигурување во процент од 89,5 отсто се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на „Пошта“ која извршила плаќање на премијата за осигурување“, стои во документот на ДЗР.
Финансиските извештаи на АД „Пошта на Северна Македонија“, се потенцира во извештајот на ДЗР, се одговорност на Фаадис Реџепи, генерален директор и претседател на Управниот одбор од 01.09.2014 година до 31.08.2018 година, и на неговиот наследник Ејуп Рустеми, кој и во моментот е на функцијата.