ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час

May 28, 2020 15:25
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаат донесено пресуди за 723 лица, информираат за МИА од ОКС-Скопје.

Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, против 751 лице. За донесените пресуди поднесени се приговори во 72 предмети од 102 лица и за нив се закажани расправи. Од досега сработенотo во Кривичен суд Скопје, седум предмети се правосилни, за осум обвинети.

Статистичките податоци објавени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, покажуваат дека речиси триесет отсо од прекршувањета на полицискиот час се регистрирани во Скопје, потоа следат Битола, Прилеп и Тетово. Просечната парична казна која е им изречена на обвинетите за стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, е две илјади евра.

Против одлуките на судовите, обвинетите како што наведено во Законот за кривична постапка, имаат право на приговор до судот, во рок од осум дена од приемот на пресудата за издавање на казнен налог. По однос на оваа прашање од Коалицијата сите за правично судење имаат објавено инфографик кој покажува дека доколку обвинетите поднесат приговор, судот без да навлегува во основаноста на приговорот ќе закаже главна седница, а пресудата за изрекување на казнен налог ќе се смета дека никогаш не била донесена. Воедно од Коалиција истакнуваат дека во постапката по приговор на пресудата за издавање на казнен налог, судот повеќе не е врзан за правната квалификација на делото и предложената санкција од страна на обвинителот – што значи дека судот може да изрече повисока или пониска казна од првично изречената со пресудата за издавање на казнен налог.

Забраната за движење во територија на Република Северна Македонија, траше вкупно 67 дена. Првично Владата донесе одлука за полицискиот час да почне од 21 до 05 час, за потоа со тек на времето полицискиот час да се зголеми. Во текот на периодот додека траеше полицискиот час Владата неколку пати донесе одлука за целосен карантин, односно најдолгиот каратин беше воведен за Велигденските празници и траше 85 часа.

Освен поединечни прекршувања на полицискиот час, Министерството за внатрешни работи во два наврата регистрирало групно прекршување на забрана за движење, односно за настаните во Сингилиќ и Гевгелија, надлежните обвинителства изрекле повеќе казнени налози.

 

Next Post

Османи: Mожен компромисен датум за избори e 5 јули

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk