ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Онлајн театарска претстава „Илузии“ во режија на Нела Витошевиќ

Целата комуникација и создавање на претставата се правени и сѐ уште се прават онлајн, напиша Витошевиќ.

May 28, 2020 17:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Режисерката Нела Витошевиќ најави необичен театарски подвиг заедно со одбрани колеги кој за 10-тина дена ќе биде достапен за публиката. Имено, станува збор за театарска претстава која учесниците целосно ја подготвиле во услови на изолација, секој од дома, по започнување на полицискиот час. Претставата „Илузии“ е според мотиви од истоимената драма на Иван Вирипаев, а екипата од претставата воопшто не се имала сретнато во живо додека траело спремањето.

Драга публико,
Сакам да ве информирам дека во изминативе месец и пол дена, јас, Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ, секој ден после полицискиот час, се собиравме на онлајн платформите за конференциски разговори, и правевме проби за првата онлајн театарска претстава на Wonderland Theatre со наслов Илузии. Дискутиравме, споделувавме сознанија и информации поврзани со новите глобални околности и решивме да експериментираме со театарски средства во виртуелниот простор и да видиме што ќе добиеме како резултат на ова истражување.

И покрај тоа што во моментов ни е оневозможена присутноста и допирот со публиката во живо, сепак на ова гледаме како на ново време на чиј предизвик сакавме и имавме органска потреба да одговориме.
Доколку не ви се допаѓа формулацијата „онлајн театарска претстава“, може ова наше дело да го ословите како вам ви одговара. Во секој случај ние поминавме низ ист процес како за било кој театарски проект, со таа разлика што претставата ја создаваме во комплетно специфични околности на домашна изолација.
Екипата се нема сретнато во живо. Целата комуникација и создавање на претставата се правени и сѐ уште се прават онлајн.

Ако се остане по план, очекувајте ја премиерната изведба за 10тина дена. Ќе бидете информирани со време. Особено ми е драго што по прв пат ќе можам сите да ве поканам на премиера!, напиша Витошевиќ во најавата преку пост на Фејсбук.

 

A. H. C.

Next Post

18: ДПМНЕ манипулира со статистиките за смртност, в сабота одлука за вонредната состојба, онлајн претстава „Илузии“, техничката влада не може вечно да трае...

НАЈНОВО

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk