БЕКТЕШИ: Министерството за економија ќе упати писмо до Комисијата за заразни болести за да се преиспита делот во протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано колку лица може да се послужат на една маса и дали се од исто семејство или не.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев истакна за напредокот во гасификацијата во земјата. Проектот кој се одолговлекува речиси 20 години, е во завршна фаза, со завршени 80%. Дополнително, како што пишува Заев, вкупна инвестиција од 3 милијарди евра за патна инфраструктура.
СДСМ: Уште една лага во низата е и денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, дека зад носењето на Предлог ДУП за Трнодол, општина Карпош, стои лукративна цел и нечиј личен интерес.
ЗЕЌИРИ, потпретседател на СДСМ: Сакаме брзи избори со учество на опозиција, односно на сите политички чинители кои што се дел од изборниот процес со веќе утврдени листи и да ги поразиме на тие избори.
ТЕХНИЧКИОТ министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев денеска повторно преку невистини, преку непрецизни и нецелосни информации се обидува да ја вознемирува јавноста, пишува во соопштение од Социјалдемократскиот сојуз во врска со конфузните и неосновани тврдења на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за прислушкување.
МИНИСТЕРОТ за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ,
АНГЛИСКИТЕ клубови во Премиер лигата се согласија да ја продолжат сезоната по средината на јуни. Во овој случај, првенството треба да заврши до 1 август.
МИНИСТЕРСТВОТО за правда на САД соопшти денеска дека истрагата за полициската одговорност за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд е „главен приоритет“ по дводневните протести во Минеаполис, поради полициската бруталност која се гледа од виралното видео.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со коронавирус досега се заразиле 5.846.624 лица. Од нив починале 359.532, а оздравеле 2.537.267.
А. Н. Стојчевски