ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и Лукаревска од Куманово: Правото на одмор, но и правото на глас не смеат да бидат нарушени (ВИДЕО)

Носителите на изборната листа во ИЕ2, Сања Лукаревска и Оливер Спасовски, по состанок со регионалниот изборен штаб во Куманово, дадоа изјави за медиумите во кои уште еднаш ја истаканаа потребата државата да излезе од комплицираната ситуација во која се наоѓа, а решение за тоа се избори по кои инситуциите би се вратиле во целосна функционалност.

May 31, 2020 12:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По координативниот состанок со регионалниот изборен штаб во Куманово, техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со ко-носителката на изборната листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, дадоа изјава за медиумите.

Најважно за државата и граѓаните е да добијат инситуции со целосна функционалност, рече Спасовски.

Убедени сме дека по завршувањето на изборите нема да ни требаат вонредни состојби, најлошото е зад нас и здравствениот систем има план и е подготвен за сите можни сценарија. Избори треба да се одржат во првиот можен рок.

По сила на закон, изборите се 22 дена по завршувањето на вонредната состојба и не постои никаков друг правен механизам. Според пресметките, во овој случај изборите би биле на 5 јули. Било какво пролонгирање не е можно, додаде Спасовски во изјава за медиумите од Куманово.

Премиерот Спасовски посочи два фактори за порастот на заразени во последните неколку дена. Неодговорното работење и саботажите на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се директна причина за зголемениот број инфицирани, а влијание има и непочитувањето на мерките кои беа олабавени со цел животот да продолжи, а економијата да се рестартира, вели Спасовски.

Втората носителка на листата во ИЕ2, Сања Лукаревска, ја нагласи потребата за избори со кои државата побрзо би излегла од комплицираната ситуација во која се наоѓа. Во моментот Домот на граѓаните – Собранието, не е во функција. На нашата економија и демократија, како и за јавното здравје потребно е активно Собрание, истакна Лукаревска.

Согласно законот, на 5 јули ќе се одржат изборите.

Ние немаме право да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори, и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови, истакна Лукаревска.

Во ниту еден случај не смее да биде нарушено правото на глас на секој граѓанин, но не смее да биде ни повредено правото на одмор. Затоа, избори мора да има на 5 јули. Институциите се целосно подготвени да организираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници, вели Лукаревска.

Само по успешни избори зад нас, институциите ќе можат да ја спроведат новата македонска развојна економија. Функционалните институции директно ќе влијаат на зголемено вработување, поголема потрошувачка и заштита и креирање на нови работни места, посебно во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата, истакна носителката на листата во ИЕ2, Сања Лукаревска.

А. Н. Стојчевски

Next Post

Во Шпанија нови случаи на Ковид-19 после забави и поголеми собири

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk