ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески на ФБ: Три години исправање на тешки кардинални грешки, три години стотици километри патишта, гасовод, канализации

May 31, 2020 14:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Исправање на тешки, кардинални грешки во проектирање кои ги стекнавме во наследство од режимот, ставање на работите на свое место и реализација на историски најголемата инвестиција во инфраструктурата. Многу тони нов асфалт, неколку стотици изградени километри канализации и водоводи, нови авиолинии, гасовод до општините, поддршка на локалната самоуправа, транспарентност, достапност и сервис за граѓаните!, пишува Горан Сугарески одбележуваќи 3 години откако стапил на функцијата министер и го презел Министерството за транспорт и врски.

„Денес изминуваат 3 години откако ја добив одговорноста и честа да му служам на народот како министер за транспорт и врски. Време на сериозни предизвици.

Што го одбележува овој период во ресорот?

СДСМ ги остварува заложбите дадени пред граѓаните! Посветеноста да ја направиме татковината подобро место за живеење, да ги решаваме најгорливите прашања, да креираме политики за подобри услови за живот, да станеме полноправен член на европското семејство, не престанува!

Секој нов ден е нова можност за да им се помогне на граѓаните, да се направи нов проект, да се одговори на секое едно барање.

Нема големи и мали, важни и неважни, сите сме еднакви и сите одговараме за делата.

А делата се памтат. Станавме полноправна членка на НАТО Алијансата. Ја рестартираме економијата, водиме праведни социјални политики, инвестираме во јавното здравство, земјоделците се наши партнери.“, истакнува Сугарески.

Тој потенцира дека Министерството за транспорт и врски стана мотор на капиталните инвестиции и додава дека никој не може да ги избрише до сега најголемите инвестиции во изградба на патишта, канализации, водоводи, гасоводна мрежа и други капитални инфраструктурни објекти што живот значат!

Министерот нагласува дека заедно со својот тим со секој еден проект, со секој чекор и со секоја активност посветено ги реализираат ветувањата дадени пред граѓаните!

„Свесен сум дека светската пандемија со “Ковид-19”, која не не одмина ниту нас, направи времено да се откажеме од одредени животни навики. Се живее во стрес и неизвесност. Живееме во “нова нормалност” заедно со невидлив и опасен непријател. Апелирам сите заедно да се чуваме и да ги почитуваме превентивните мерки.

Бидете уверени дека заедно ќе победиме! СДСМ и понатаму ќе остане фокусиран на потребите на граѓаните. Да ги задржиме младите, да отвориме повеќе нови работни места, да ги почитуваме здравствените работници, земјоделците, работниците, да ставаме нови тули во просперитетна и Европска Македонија.

Продолжуваме! Можеме уште повеќе и уште подобро!“ напиша на Фејсбук министерот Сугарески

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

15: Нови 62 случаи на коронавирус, Зеќири и семејството позитивни на Ковид-19, „Зошто Мицкоски е на иста линија со инфодемијата?“

НАЈНОВО

Концерт „Кругови“ на пијанистката Дуња Иванова во КИЦ

October 8, 2025

Заврши големата спасувачка операција на Еверест, евакуирани сите блокирани лица во Тибет

October 8, 2025

МВР: Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk