ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Нови 62 случаи на коронавирус, Зеќири и семејството позитивни на Ковид-19, „Зошто Мицкоски е на иста линија со инфодемијата?“

Преглед на вестите во 15,00 часот.

May 31, 2020 15:16
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

По КООРДИНАТИВНИОТ состанок со регионалниот изборен штаб во Куманово, техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со ко-носителката на изборната листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, дадоа изјава за медиумите.

ДИРЕКТОРОТ на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски: Началниците назначени од Чулев се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна.

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Мухамед Зеќири, во пост на Фејсбук соопшти дека и покрај сите преземени мерки на претпазливост, тој, неговата сопруга Бисера и нивната три месечна ќерка се позитивни на Ковид-19.

ФРОНТ: Џабир Дерала: Зошто Мицкоски е на иста линија со инфодемијата? Со продолжување на вонредната состојба, се продолжува и политичкиот живот на Мицкоски.

Непрекинато, поточно опседнато, го повторува името на Зоран Заев. Со леснотија обвинува, употребувајќи ги зборовите диктат, партизираност, фамилија, корупција, криминал – состојби познати од времето на режимот… Зошто?

Tе ЗЕМААТ во болница, ти викаат поздрави се со сопругата, ќе се слушнеш можеби за некој час, ова се првите спомени на Борче Двојаковски, Македонец кој за сега живее во Белгија, и пред два месеца се зарази со Ковид-19, за неговата триесетдневна голгота низ бриселските болници. Своето искуство Двојаковски го раскажа за новинар на МИА.

МИНИСТЕРКАТА за финансии, Нина Ангеловска: Даночните приходи во мај бележат помал пад од проектираниот што покажува дека го имаме одбрано најсоодветното портфолио согласно анализите и проценките на ситуацијата со ковид-кризата која предизвика рецисија и во најсовремените економии.

Ангеловска соопшти и дека следната недела, банките ќе почнат да ги издаваат картичките „Купувам домашно“, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.

МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски, Горан Сугарески: Исправање на тешки, кардинални грешки во проектирање кои ги стекнавме во наследство од режимот, ставање на работите на свое место и реализација на историски најголемата инвестиција во инфраструктурата. Многу тони нов асфалт, неколку стотици изградени километри канализации и водоводи, нови авиолинии, гасовод до општините, поддршка на локалната самоуправа, транспарентност, достапност и сервис за граѓаните!

МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата во Битола се сретна со граѓани и ја поздрави нивната одговорност за почитувањето на мерките против ширење на вирусот Ковид-19. Таа охрабри дека со така одговорно однесување може да се гласа на избори на 5 јули со што би се обезбедиле функционални институции.

ПРАВО да легитимира има само полицијата, поради што во четвртокот е испратено писмо до Комисијата за заразни болести, уште еднаш да се разгледа ваквиот услов што им е наметнат на угостителите, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

ПОГОЛЕМИТЕ собирања и забави се причина за ширење на коронавирусот во Шпанија, која се обидува да се врати во нормала после неколкумесечниот карантин поради епидемијата.

А. Н. Стојчевски

 

 

Next Post

Белите црви на смртта

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk