Министерот Филипче ги соопшти промените со бројот за заразени со Ковид-19 кај нас, оздравени и починати во последното деноноќие.
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.