Двата тима од Тетово, кои се натпреваруваат на првата фудбалска лига во земјава, актуелниот шампион Шкендија и клубот Ренова, откако направиле тестови во организација на фудбалскиот синдикат, шест фудбалери имале позитивен тест на коронавирус.
Двајца играчи се од тимот на Шкендија, а четворица од градскиот ривал Ренова. Неофицијално се дознава дека двата тима свикале итна средба на раководството, а од фудбалскиот синдикат само потврдија дека има позитивни случаи во двете клубови.
„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа.Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на ФК Ренова и двајца во таборот на ФК Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига”, соопштуват во официјалната страница на синдикатот на Фејсбук.
Овие случаи ќе се разгледаат и во Футбалската Федерација на Македонија, пред започнување на сезоната која беше првично најавена за на средина на јуни.
А.Зеќири