Израелската стартап-компанија Сидо, која пред извесно време пушти во продажба уред за одгледување марихуана во домашни услови, соопшти дека познатиот американски рапер Снуп Дог ќе биде амбасадор на нејзиниот бренд, пренесува МИА.
Снуп, кој и самиот се залага за користење марихуана ќе промовира мала машина налик фрижидер којашто овозможува таа билка да се одгледува каде било. Уредот регулира температура, светлина, јаглеродот-диоксид и минералите и со помош на апликација – и надзор на растението. Инкубаторот е опремен со сензори и камера и се контролира со алгоритам.
Компанијата Сидо наведува дека таа своевидна „домашна лабораторија“ ќе се продава во Северна Америка и Европа. Цената е 2.400 долара.
Директорот на компанијата, Зохар Леви изјави дека на компанијата ѝ е чест поради соработката со Снуп Дог, кој со својата популарност и на интернет, ќе придонесе за нејзин растеж.
Израел се смета за лидер во истражувањето канабис за медицинска употреба.
Фирмата Сидо има дозвола за производство на канабис од израелското Министерство за здравје. си/ми/
2019-10-24 09:14:29, од Слободан Иванов