Речиси пет пати пониско од просекот за октомври е нивото на Црн Дим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења, пренесува МИА.
Преполовени се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, на Сатеска кај Ботун, на Црна кај Р.Б.Мост, на Струмица кај Ново Село, на Пчиња кај Пелинце и на Лепенец кај Скопје.
Нешто над просекот се Вардар кај Скопје, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.
Нивоата на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, се во рамки на октомврискиот просек.