ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Сотирова-Бухова: Конфекциите самоиницијативно престанаа со работа, во тек е тестирање на вработените

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова на прес конференција нагласи дека вработените во штипските конфекции моментално се тестираат во просториите на конфекциите, во присуство на инспектори од ДСЗИ и од ДИТ.

June 2, 2020 16:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу и на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за актуелни прашања поврзани со инспекциските надзори за препораките и мерките на Владата за превенција и спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19.

Директорката на ДЗСИ рече дека будно се следи состојбата со кластерите на заразени со КОВИД-19, коишто се појавија во штипските конфекции, но и во правни субјекти во Тетово.

Заклучно со вчерашниот ден, во Штип издадени се 55 решенија за самоизолација на позитивни случаи. Исто така, се издадени и 169 решенија за лица коишто имале контакти со позитивно дијагностицираните. Направени се вкупно 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработени во веќе споменатите правни субјекти во Штип. Во Тетово имаме издадено 8 решенија за позитивно дијагностицирани, за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за самоизолација за лица со контакти со позитивно дијагностицирани. Заклучно со вчера во Тетово направени се вкупно 70 тестирања од предвидени 150, рече Сотирова-Бухова.

Таа додаде дека претходно наведените бројки се однесуваат само на неколкуте правни субјекти во коишто се појави КОВИД-19 во Штип и Тетово и во нив не се вклучени бројките на заразени од кластерите коишто се појавија во семејствата или други позитивни лица. Истовремено напомена дека правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите, со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со производството.

Веста која во моментот кружи дека се извршуваат работни дејности, односно споменатите конфекции наводно ја продолжиле работата, најостро ја демантирам. Во овој момент, таму се присутни инспектори од ДСЗИ и од ДИТ, кои потврдуваат дека во просториите на конфекциите се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и присуството на вработените е само поради таа активност, потенцираше директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова-Бухова.

Таа го повика Министерството за внатрешни работи, кое по Закон е задолжено, да врши контроли на лица кои имаат издадено решенија за изолација или самоизолација, бидејќи прекршувањето на изолацијата е казниво по Закон. Информацијата за издадените решенија на дневна основа од ДСЗИ се препраќаат до МВР.

Next Post

Во барањето за развод, сопругата на Дерек Шовин побарала и промена на презимето

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk