ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗ: Се разгледуваат предлози за мерки, дел од новозаразените се од 10 семејства каде се прават анкети

Во однос на останатиот скрининг, продолжува во градинките. Има информација за позитивен полицаец од пограничната полиција, од странство, кој после враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен и согласно тоа вчера се направени анкети и 30-ина странски полицајци кои што се на јужната граница и 30-ина наши полицајци кои биле во контакт со полицаецот кој заминал, ќе бидат денеска тестирани.

June 2, 2020 17:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира за последните промени околу состојбата со Ковид-19 кај нас, преземените чекори во одредени посериозни ситуации, текот на скрининзите, и повторно упатува апел за следење на мерките и препораките за заштита.

Во Штип се затворени шест конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, во текот на следните денови ќе се тестираат вкупно околу 600 вработени. Досега се направени 100 тестирања.

Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите.

Во однос на скринингот, во приватен дом за стари лица кој што има објекти во Ченто и Кадино, во едниот се позитивни две штитенички, а во другиот тројца вработени. Анализирани се сите контакти и дадени решенија за изолација.

Во однос на останатиот скрининг, продолжува во градинките. Има информација за позитивен полицаец од пограничната полиција, од странство, кој после враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен и согласно тоа вчера се направени анкети и 30-ина странски полицајци кои што се на јужната граница и 30-ина наши полицајци кои биле во контакт со полицаецот кој заминал, ќе бидат денеска тестирани. Завршени се анкетите и се дадени решенија за изолација.

За рестриктивните мерки кои што ги најавивме во текот на вчерашниот ден, Комисијата ги разгледува. Сѐ уште нема одлука. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден и во текот на среда или четврток ќе се донесат соодветни одлуки.

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека вирусот постои, нема да помогне во надминувањето на состојбата. Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата, маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце – единствениот механизам кој што може да не заштити и како поединци, и како општество.

Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување пациенти, големиот дел слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери, во изминатите неколку денови од анализа на контактите и сите други индикатори, укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста. Има суштинска работа меѓу првиот и овој бран. Сега имаме друга состојба – имаме веќе знаење, ресурси, сериозно надграден здравствен систем, пишува во објавата на Министерството за здравство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Потресни сведоштва за Телма TВ на пациенти со Ковид-19 на Инфективна (ВИДЕО)

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk