ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Италија од денеска ги отвора и регионалните граници, засилените мерки остануваат

June 3, 2020 09:53
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за отворањето на границите на Ломбардија, регионот што беше најтешко погоден во Италија, на што се противеа лидерите на регионите од југот, каде имаше помал број случаи на коронавирус отколку на северот од земјата.

Покрај отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија, сепак, ги засилуваат контролите и мерките за да се спречи ширењето на вирусот преку „следење на туристите“ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.

Ломбардија, Венето и Лигурија побараа целосно враќање во нормалноста, Тоскана побара уште една недела чекање, Кампања ја критикуваше одлуката за отворање на границите, а Сардинија најави „здравствени пасоши“ за пристигнување на туристите, што министерот за регионални работи, Франсоа Боа, го смета за неуставно.

Забраната за собири и обврската да се зачува безбедно растојание меѓу луѓето е се уште во сила во Италија со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, што земјата ја погоди сериозно, одземајќи повеќе од 33.000 животи, што земјата ја крена на третото место според бројот на жртвите од коронавирусот, по САД и Велика Британија.

Употребата на заштитна маска е задолжителна во затворен простор достапен за јавноста, вклучително и во јавниот превоз, а во регионите Ломбардија, Трентино, Фриули-Венеција, Пулија, Кампања, но и во градот Џенова маските се задолжителни и на отворено.

На железничките станици телесната температура на патниците ќе се мери со термички скенери, а доколку е над 37,5, нема да им биде дозволено да патуваат со воз.

Во Италија продолжуваат да работат 24-те аеродроми, пристигнувањето е дозволено од 26 држави и тоа без карантин, додека пристигнувањата од земјите надвор од Шенген-зоната ќе бидат дозволени од 15 јуни.

Италија е прва земја во Европа што воведе карантински мерки на целата територија на почетокот на март, а со првично олеснување на рестриктивните мерки почна од 4 мај, за потоа на 18 мај да следеа и нови чекори. По денешното отворање на границите, за 15 јуни е најавено и отворањето на кината и театрите, а училиштата и стадионите ќе останат затворени.

Повеќе од 233.000 лица во Италија се заразија со Ковид-19 од почетокот на кризата, а во моментов има околу 39.000 активни случаи.

Next Post

Чејс Кери: Ако пилот или членот на тимот биде позитивен на коронавирус, трката нема да биде откажана

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk