Фронтлајн неофицијално дознава дека вчеравечер избил инцидент во село Куклица, во кој биле вмешани повеќе полициски службеници. Според нашиот извор, поголема група полициски службеници правеле журка и со тоа направиле кривично дело по член 206 од Кривичниот законик, односно Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
На журката присуствувале 7 полицајци, а имало и уште неколку други граѓани. Поради бучавата што ја правеле полицајците, граѓаните пријавиле во полицијата. Полицијата реагирала, но полициските службеници присутни на журката одбивале да се смират и се спротивставиле на приведувањето. Тогаш, на помош биле повикани и специјалците од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), наведува изворот.
„Наместо да ги спроведуваат, полицајците на Наќе Чулев се тие што ги кршат мерките донесени од Владата“, додава нашиот извор во своето обраќање до Редакцијата.
Фронтлајн, побара официјална потврда и детали за настанот и од МВР.
Д. Е.