Една од најпрепознатливите работи за огромната маса фанови што ја има К-поп музиката низ цел свет, е тоа што тие секогаш се солидаризираат за добри цели. Овој пат, тоа се случи со интернет хаштаговите кои се појавија како еден вид „одговор“ на популарниот #BlackLivesMatter.
Фановите на К-поп (корејска поп музика) ја употребија својата моќ за да ги преземат расистичките, десноориентирани хаштагови #whitelivesmatter, #bluelivesmatter и #MAGA, кои се појавија во одбрана на насилната полиција. Првиот хаштаг е циничен одговор на #BLM со изговор дека и животите на белците се еднакво важни, додека #MAGA е кратенка на познатото изборно мото на Трамп „Make America Great Again“.
Twitter classifying #WhiteLivesMatter under kpop is without a doubt the funniest thing all week pic.twitter.com/pzOhEuB4C7
— Josh (@vengefulstrat) June 3, 2020