ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Владата да донесе целосна забрана за работа во Штип и секаде каде што тоа е потребно

June 3, 2020 23:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со соопштението пред полноќ, ЦИВИЛ ја повика Владата да донесе целосна забрана за работа во Штип и секаде каде што тоа е потребно.

„Имајќи предвид дека бројот на нови случаи на заболени од коронавирусот е во пораст, ЦИВИЛ ја повикува Владата да донесе одлука за целосна забрана за работа во текот на полицискиот час за време на продолжениот празничен викенд. Бројот на случаи на заразени од коронавирусот е во пораст токму меѓу работничките и работниците во приватниот сектор, особено во текстилната индустрија. ЦИВИЛ ја повикува владата да донесе строга забрана за работа во Штип, но и во други општини (Скопје, Куманово, Тетово итн.) каде што се бележи пораст на бројот на носителите и заболените од коронавирусот“ – се вели во соопштението на организацијата.

Понатаму, ЦИВИЛ во целост го поддржа предлогот на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој побара забрана за работа во текстилните погони. Во организацијата искажаа верување дека и други градоначалници ќе ја согледаат потребата од ваква забрана и дополнителни мерки за заштита, со што ќе се придонесе кон заштита од ширење на коронавирусот и негово целосно излегување од контролата.

„И покрај тоа што беше најавено привремено затворање на неколку текстилни фабрики во Штип и беше упатен апел за задолжителна самозиолација на вработените во овие конфекции, ризикот сѐ уште е висок, со оглед на фактот дека важат дозволите за работа за време на полициски час“, констатираат во ЦИВИЛ.

„Воедно, ги повикуваме властите, особено Министерството за внатрешни работи и инспекциските служби, да ги засилат напорите за максимално почитување на мерките и ограничувањата кои имаат цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Истовремено, ЦИВИЛ бара доследно почитување на човековите права и слободи, на начин што во ниеден случај нема да бидат пречекорени или злоупотребени овластувањата на службените лица во текот на спроведувањето на мерките“, повикуваат од ЦИВИЛ.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Петровска: Мицкоски еден ден „загрижен" претседател на партија, друг ден скриен „боемчија", пак ќе биде отсјај?

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk