ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 18 часот: Пристигнаа уште 8 респиратори од вкупно 20 од ЕУ, од вечерва од 21 часот забрана за движење…

June 4, 2020 18:08
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ДИРЕКТОРОТ на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска информира дека на двајцата инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста на објектот. Против угостителскиот објект веќе е поднесена прекршочна постапка за спречување на службени лица да вршат службени дејствија, а денес и поднесена и кривичина пријава  согласно член 205 и 206 од уредбата на Владата.

ФИЛИПЧЕ ја прими донацијата од 8 респиратори од Европската Унија, дел од донацијата од вкупно 20, со кои ќе се опремат и зајакнат капацитетите на здравствените установи. Министерот исто така најави и следен проект на ЕУ за опремување и зајакнување на поголем дел од одделенијата за интензивна нега во болниците. Тој се заблагодари на евроамбасадорот Самуел Жбогар за поддршката во справувањето со пандемијата од Ковид-19.

Од ВЕЧЕРВА (четврток, 4 јуни) во 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот стапува во сила забраната за движење за граѓаните кои живеат во општините на Градот Скопје (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари) и околните скопски општини

МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета во Прилеп изјави: Инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо. Само овој месец преку ЈП за државни патишта ќе се распишат тендери за 7 патни прави во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри и инвестиција од 25 милиони евра.

МИНИСТЕРСТВОТО за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина со изработка на Студија за валоризација и Нацрт-план за управување со споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-план за управување со идниот Национален парк Шар Планина, како резултат на одобрениот грант од  Меѓунаропдниот сојуз за заштита на природата.

ДИРЕКТОРОТ на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во отпочната рехабилитација на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин (Фаза 2). Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри, проект финансиран од Буџетот на ЈПДП во вредност од 7,2 милиони евра.

ГРАД Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година  (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.

ПОРАНЕШНИТЕ американски претседатели Џими Картер, Џорџ В. Буш, Барак Обама и Бил Клинтон преку соопштенија ја осудија расната дискриминација во Соединетите Американски Држави.

По ПОВОД14 јули – Националниот празник на Франција, наместо традиционалната парада на Елисејските полиња ќе се одржи воена церемонија на плоштадот Конкорд, на која исто така ќе им се оддаде почит на здравствените работници.

ТУРЦИЈА планира, во текот на јуни, повторно да воспостави авионски летови кон околу 40 земји, а веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во авиосообраќајот со 15 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караисмаилолу.

РУСКИОТ претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг.

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сугарески: Завршува изградбата на патот од село Волково до Прилепец и манастир Свети Никола во должина од 5,5 километри (ВИДЕО)

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk