ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Макрадули: Обединување околу Македонскиот зелен договор како одржлива платформа за заштитата на животната средина

Покрај досега сработеното, концептот на Македонскиот зелен договор особено посветува внимание на закрепнување на природата со нејзиното враќање во урбаните центри. Со Nature-based-solutions, односно со “носењето на природата” во урбаните центри, многу запуштени катчиња ќе бидат претворени во оази на природата, напиша заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули по повод Светскиот ден на животната средина

June 5, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес е Светскиот ден на животната средина, кој се организира под мотото: „Време е за природата”. Сите анализи укажуваат дека и COVID-19, како и сите други останати вируси се последица на однесувањето на човекот кон природата и дивиот жив свет, напиша на Фејсбук заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Макрадули.

Постои тесна поврзаност помеѓу човечките активности и природата, и во таа насока постојано се укажува на потребата од преземање на чекори токму во овој период на пандемија. Па така, во новата нормалност, од секој од нас се очекува дека ќе се вратиме посилни, подобри и заедно ќе придонесеме и изградиме подобра и поодржлива животна средина.

Затоа и Светскиот ден на биодиверзитетот го има истото мото „Нашите решенија се во природата”, ставајќи акцент на заедничката акција за зачувување на природата, а сè со цел достигнување и остварување на Целите за одржлив развој.

Во изминатите три години, активностите на министерството во насока на заштита на природата, иако ги има поприлично многу, за жал, беа во сенка на другите сегменти од областа на животната средина, пред сè на аерозагадувањето и отпадот.

Така на пример, во однос на националната легислатива:

Изработен е нов Закон за заштита на природата и истиот е во фаза да донесување;

Отпочната е постапка за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел;

Отпочната е постапка за прогласување и на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата II национален парк;

Отпочната е постапка за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V-заштитен предел;

Прогласени се пет природни реткости, вклучително и старото Платаново стебло во Охрид, како придонес за зачувување на природните вредности на национално ниво;

Донесен План за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како обврска од Конвенцијата за заштита на светско културно и природно наследство (УНЕСКО);

Донесен Планот за управување со споменик на Вевчански Извори со Извештај за стратегиска оценка;

Подготвени се Нацрт-планови за управување со спомениците на природата Маркови Кули и Преспанско Езеро;

Изработен е предлог Акциски План за борба против отрови за диви животни, во соработка со Македонско Еколошко Друштво;

Изработен е 6-от Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD).

Покрај досега сработеното, концептот на Македонскиот зелен договор особено посветува внимание на закрепнување на природата со нејзиното враќање во урбаните центри. Со Nature-based-solutions, односно со “носењето на природата” во урбаните центри, многу запуштени катчиња ќе бидат претворени во оази на природата. Па така, покрај хотелите за луѓето, реалност ќе бидат и хотелите за пчелите и другите инсекти. Ќе има многу повеќе зеленила, кои ќе разубавуваат, но, кои истовремено ќе го намалуваат загадувањето.

Да заклучам, борбата за заштита на природата не може и не треба да зависи од свесноста, посветеноста и амбициозноста на поединци. Тоа не е доволно.

Нам ни треба обединување околу една, единствена, одржлива платформа, а Македонскиот зелен договор е токму тоа, се вели во постот на Фејсбук на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

А. Н. С.

Next Post

Јубилејното 55-то издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе чека подобри времиња

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk