ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас

Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата, истакна заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

June 5, 2020 15:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска посочи дека полицијата го следела метежот, што вчера настана на автопатиштата откако голем број на скопјани заминаа од градот со цел да го избегнат полицискиот час што трае од вчера од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот и покажале разбирање за лицата кои биле затекнати на патарините и на автопатишната по започнувањето на рестрикцијата за движење.

– Полицијата го следеше метежот кој настана на улиците и на автопатот и од тие причини имавме разбирање за граѓаните кои во моментот кога почна полицискиот час беа затекнати таму, со тоа што полицијата укажуваше побрзо да бидат упатени кон крајните дестинации кон кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час, кога беа затекнати не беа изречени мерки само беа писмено предупредени, наведе Петровска.

Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата.

Ова денеска го истакна дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во однос на тоа дали се планира зголемување на полициските контроли во општините Чаир, Аеродром и Сарај.

– Потребата од тоа колку полициски службеници ќе бидат ангажирани се менува постојано и согласно тоа ги ангажираме на терен по насока добиена од самите началници од секторите за внатрешни работи. Во моментот навистина е фреквентно во Охрид, таму дополнително утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на своите колеги, рече Петровска.

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

– Од секаков тип евиденција која постои за прекршување на полицискиот час ќе биде соодветно процесуирана и ќе бидат преземени мерки против нив. Тоа значи ако постојат докази за прекршување на полицискиот час, со подоцнежна идентификација на сторителите против нив ќе бидат преземени мерки. Полицијата во моментов е на територијата на Скопје, онаму каде што има фиксни пунктови, поставени се контроли, а останатите делови ги контролираме преку патроли, додаде Петровска.

Таа нагласи дека ќе бидат ригорозни во спроведувањето на мерките и ќе се трудат законот да биде спроведен поеднакво за сите граѓани.

– Апел до сите граѓани дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас, рече Петровска./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Денеска 180 новозаболени од Ковид-19, 109 се од Скопје

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

October 7, 2025

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk