Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека се тестирани сите примарни асимптоматични носители на вирусот и утврдено е дека околу 15 семејства носат повеќе од 90% од новите случаи.
„Несомнено е дека имаме нов бран, што значи дека има непочитување на препораките, но зголемениот број на нови случаи е и од начинот на тестирање. Денеска имаме направено најмногу тестови. Кластерите се лоцирани и сметам дека бранот ќе трае многу кратко. Повеќе од 90% од новите случаи се со лесна симптоми на Ковид-19 за кои не е потребна никаква терапија. Најголемиот број позитивни асимптоматични случаи се од Чаир и Бутел“, потенцира Филипче
Тој нагласи дека имаме јасна стратегија за тестирање, но апсолутно во овој момент овие рестриктивни мерки, овој викенд беа навистина неопходни.
Филипче информираше дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Филипче. Скопје 109, Куманово 26, Дебар 1, Штип 15, Тетово 12, Струга 1, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Валандово 1, Свети Николе 1, Неготино 1.
– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, информира Филипче.
Ј. Ѓорѓиоски