ИМАЛО причина за „тајната вечера“ на Мицкоски. Во текст на centar.mk се вели дека претседателот на опозициската ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков кој беше прв човек на УБК, и уште две лица.
НА социјалните мрежи се појави кратка видео снимка од која се гледа како се движи Христијан Мицкоски пред да скршне во влезот од кафаната на улица Боемска, каде што се случи инцидентот со пазарните инспектори, а Мицкоски беше главниот актер кој се криеше во кафаната.
ФИЛИПЧЕ:
Кај членови на едно семејство од 10 позитивни, само еден е со симптоми.
Околу 15 семејства носат повеќе од 90% од новите случаи од Ковид-19.
Денеска 180 новозаболени од Ковид-19, 109 се од Скопје.
ПЕТРОВСКА: Полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас. Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата, истакна заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
ЗАЕВ за изјавата на Ахмети: Пратениците се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничка припадност Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани
БРОЈОТ на новозаразени во Австрија во последните 24 часа бележи пораст и регистрирани се 38 нови случаи.
ВО екот на епидемијата на коронавирусот во Словенија биле откажани голем број операции и редовни прегледи за граѓаните
АМЕРИКАНСКАТА унија за човекови права и многу други организации поднесоа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, врховниот државен обвинител Вилијам Бар и други високи функционери на администрацијата, за навреда и интервенција против мирни демонстранти во близина на Белата куќа минатиот понеделник, објави лондонски „Гардијан“.