Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства со препораки и им препорача на владите во светот да инсистираат сите да носат маски за лице на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирусот, за да се намали ризикот на заболување и ширењето на пандемијата, пренесува Индипендент.
Во своето ново упатство, поттикнато од доказите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки што можат да го намалат ризикот од пренесување на вируси и не треба да даваат лажно чувство за заштита.
„Со оглед на најновите докази, СЗО советува владите да ги охрабрат граѓаните да носи маски таму каде што има широко распространето пренесување и физичкото дистанцирање е тешко да се направи, како на пример во јавен превоз, во продавници или во други ограничени или преполни средини. Луѓето можат потенцијално да се заразат и при неправилно користење на маската, или ако користат нечисти раце за да ја прилагодат маската или ако постојано ја симнуваат и ја ставаат маската, без при тоа да ги чистат раце.“ вели шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус.
Ј. Ѓ.