ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Нека ни е честит јубилејот, 75 години од усвојувањето на Решението за правописот на македонскиот јазик

Во честитката по повод јубилејот на македонскиот правопис, Заев нагласи и дека е достапна бесплатна електронска верзија која секој може да ја симне и да ја користи.

June 7, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка по повод 75 годишниот јубилеј од усвојувањето на Решението за правописот на македонскиот јазик.

Нека ни е честит јубилејот, 75 години од усвојувањето на Решението за правописот на македонскиот јазик, од страна на министерот на просветата на Народната Влада на Македонија.

Седми јуни 1945 година е денот кога „Македонскиот правопис“, предложен од комисијата за јазик и правопис при Министерството за народната просвета, се прифаќа како официјален правопис.

Со усвојувањето на правописот на македонскиот јазик на 7 јуни 1945 се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик, по воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава (2 август 1944) и усвојувањето на македонската азбука (5 мај 1945).

Со издавањето на „Македонски правопис“, започнува унифицирањето на македонскиот стандарден јазик, за кој е најзаслужен нашиот лингвист Блаже Конески.

Како Влада, нашата грижа за правописот на македонскиот јазик ја покажавме со поставувањето бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик, кој може да се користи и симнува лесно од сите нас на адресата www.pravopis.mk.

Исто така, се гордееме што како Влада во 2019 година донесовме одлука 5 мај да се одбележува како Ден на македонскиот јазик, во чест на Решението за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Грижата и меѓународната афирмација на македонскиот јазик продолжува и со Договорот од Преспа, со кој се признава и потврдува македонскиот јазик, како наш официјален јазик, меѓународно препознаен.

Денеска сме сведоци и на објавување на препеви од Блаже Конески на грчки јазик, што претставува дополнителна афирмација на македонскиот јазик и македонската литература во Грција, напиша Заев во честитката по повод јубилејот на македонскиот правопис.

А. Н. С.

 

Next Post

Со засејување на облаци во Пелагонискиот и Преспанскиот регион спречена појава на град

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk