ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Како е можно поранешен шеф на УБК, сега советник на Наќе Чулев, да изјави дека не ги знае протоколите?

Просто е неверојатна изјавата на човек што е на одговорна функција во безбедносниот систем, советник на министерот, солидно платен од парите на граѓанките и граѓаните, да признае дека не бил информиран за мерките за кои токму неговото министерство е обврзано да се грижи да бидат спроведени.

June 7, 2020 19:00
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Неверојатно! Љубчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на Наќе Чулев, за ТВ 24 призна дека бил во друштво на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, во затворениот дел во „Винотека“ на 3 јуни. Наговата оизјава звучеше како ехо на изговорите на Мицкоски. Ако треба, ќе ја плател и казната, ако направил прекршок. Освен тоа, тој „ладно“ кажа и дека не можел да ги следи сите мерки, се менувале „во 5 до 12“, значи – не ги знае мерките!

Се поставува прашањето, како може советник на министер за внатрешни работи, поранешен шеф на УБК, човек што заработува околу 50.000 денари месечно, да не е информиран за мерките за заштита од коронавирусот.

Просто е неверојатна изјавата на човек што е на одговорна функција во безбедносниот систем, советник на министерот, солидно платен од парите на граѓанките и граѓаните, да признае дека не бил информиран за мерките за кои токму неговото министерство е обврзано да се грижи да бидат спроведени. И да признае дека му биле многу брзи мерките, се менувале „во 5 до 12“.

Андоновски беше прв човек на злогласното УБК во времето на залезот на режимот на Груевски, кој дојде на местото на Сашо Мијалков кој си поднесе оставка во мај 2015 година, веднаш по настаните во Диво Насеље. Своевремено, Андонов во интервју за Прес 24, на 26 април 2016 година, изјави дека тајната полиција е максимално будна и наведе дека имало индиции дека „во протестите се вклучени или дека протестите ги оркестрираат странски државјани“. Ама, мерките за заштита од коронавирусот не ги знае.

Во изјавата за ТВ 24, Андоновски се чуди и како сѐ уште не е ставен во притвор. Навистина, добро прашање, чиј одговор би требало да го знае добро и самиот, бидејќи е советник на министер за внатрешни работи, па нека е тоа и Наќе Чулев.

Колку што е познато, член 206 од Кривичниот законик не е донесен во „5 до 12“. Тој е со постар датум и гласи: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Боемска работа…

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата. Текстот е личен став на Aвторот.
Next Post

Во Бристол, на протест против расизмот урнат споменик на трговец со робови (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk