ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

June 8, 2020 13:14
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен посебен пакет мерки кој ќе се однесува на новинарите и медиумските работници, со оглед на фактот дека, како што посочуваат, тие се една од главните алки во борбата против ширењето на коронавирусот и извршуваат работа од јавен интерес.

– ССНМ се повикува и на повикот на Европската федерација на новинари до националните влади, Европската Комисија и Европскиот Парламент за брза, таргетирана и координирана акција за поддршка на сите медиумски работници – вработени, слободни новинари и самовработени – како одговор на разурнувачкиот социјален и економски удар од глобалната криза со Ковид-19 во медиумскиот сектор. Ковид-19 нанесе тежок удар на медиумските слободи во целиот свет. Во оваа пандемија европските граѓани имаат потреба од професионални, економски обезбедени новинари повеќе од кога и да е, наведуваат од ССНМ.

Истовремено, тие, како што соопштија, се повикуваат и на десетиците изјави на претставниците на власта кои се однесуваа на значајната улога на новинарите и медиумските работници во борбата со пандемијата, како и постојаното изразување благодарност за работата на новинарите.

– ССНМ ги поздравува досегашните мерки преземени од Владата за помош на медиумите, но податоците дека голем број на новинари и медиумски работници се соочија со намалување на платите, а некои и со отпуштање од работа, покажуваат дека досегашните мерки не биле доволни, додаваат во соопштението.

Затоа, велат, сметаме дека крајната цел на финансиската помош треба да бидат новинарите и медиумските работници.

– Нашето барање за финансиска помош за вработените во медиумите се заснова на начелото дека само социјално и економски обезбедени вработени во медиумите може и професионално да ја вршат својата задача – навремено, точно и објективно да ја информираат јавноста. Затоа, оваа помош за медиумите поради кризата со Ковид-19 треба да гарантира дека ќе им биде од помош директно на вработените, нагласуваат од ССНМ.

Барањата, информираат, се базираат на следниве три точки – Ослободувањето од 100 процети од придонесите за вработените во медиумите кои не отпуштиле ниту еден вработен во текот на кризата, освен со спогодбен прекин на работниот однос, заминување во пензија или со други одредби од ЗРО, со исклучок на технолошки вишок за времетрањето на мерката и давање отказ без отказен рок. Мерката да важи и за медиумите кои им ги намалиле платите на новинарите и медиумските работници, но само доколку се обврзат ваквото ослободување да го искористат за да им ги вратат скратените средства на своите вработени. Враќањето на средствата се одвива паралелно со спроведувањето на мерката.

– Со цел кревање на свеста за борбата против лажните вести, односно важноста на професионалното новинарство оваа мерка да не важи за медиумите на кои надлежен суд со правосилна пресуда одредил дека го прекршиле Кривичниот Закон од Главата против здравјето на луѓето, додаваат од ССНМ.

Next Post

Димова: Злоупотреба на 2,2 милиони евра од Еразмус+ од 2016-2018 со местени тендерски документации

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk