Невладините го осудуваат говорот на омраза, надлежните ги затвораат очите пред неговото ширење, стои во насловот на Мета.мк. Остри реакции ја преплавија јавноста кога на говорот на омраза во врска со ситуацијата се приклучи и членот на Македонската академија на науки и уметности, професорката Катица Ќулавкова. Нејзиниот твит во кој вели дека „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, беше критикуван во јавноста и беше оценет како поттик за нетолеранција меѓу етничките заедници.
Џабир Дерала од Цивил, вели дека ова не е првпат Ќулавкова да ги изрази своите националистички ставови.
„Не е прв пат да ја видиме академик Ќулавкова во вакво светло. Сепак, со оглед на предизборниот период, со оглед дека и социјалната и политичката состојба, како и состојбата на јавното здравје, како теми се искличително доминантни во овој период, нејзиното учество во социјалните мрежи со вакви пораки упатува на тоа дека Ќулавкова, покрај тоа што е националистка, таа е вклучена и во политиката. Доказ за тоа е дека избира многу деликатен социо-политички момент во земјата за да ги обнови своите националистички пораки во јавноста“, изјави Дерала.