ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССМ: Веднаш да престанат притисоците, Чулев да ги тргне рацете од синдикатот

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.

June 10, 2020 21:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Претседателот на Македонскиот полициски синдикат МПС, д-р Марјан Кицев одржаа прес конференција на која беше изнесено следното: Министерот, Наќе Чулев, врши притисок врз синдикатот, формира паралелен синдикат во МВР и праќа инспектори на седниците на органите и телата на ССМ.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.‼

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.

„Тоа за нас е недопусливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата бр. 87 за слобода на здружување и затоа сме приморани да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ“, рече Димовски.‼

Информираше дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.

„Никој не може да му се заканува на синдикатот. Имаме програмски определи и ќе ги исполнуваме“, рече Димовски, упатувајќи апел дека мора да се почитуваат законите и Општиот колективен договор и Законот за работни односи да биде темелот на рабптничките права.‼

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во Кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не претстанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.

„За жал, заканата што ја добивме во Кабинетот на министерот почна да се исполнува. На 29.04 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на 2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката“, истакна Кицев, барајќи од Владата да го поништи овој договор.

Посочи дека во изминатиот период набавиле и поделиле заштитна опрема во маски, визири и средства за дезинфекција за нивните колеги на терен.‼

„Направивме работи на терен што требаше да ги направи МВР“, рече Кицев.

Next Post

Здравството и ранливите категории на удар, Димитриеска-Кочоска не го одблокира поволниот заем од 90 милиони евра од Светска банка

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk