ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба, партиите да се договорат за датум за инклузивни избори

June 12, 2020 13:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Нејзиното прогласување или не, порача тој, не е поврзно со одржувањето на изборите. Пендаровски апелира до лидерите на политичките партии да се договорат за датумот за изборите, зошто со организирање изборен процес кој не би бил инклузивен, земјата може да влезе во длабока политичка криза.

-Последните денови во јавноста се наметна дилемата дали е можно воведување вонредна состојба само на барање на Владата или и претседателот може самиот без предлог од Владата да прогласи вонредна состјба. Во тој дел Уставот е јасен. Претседателот на државата може и без барање од Владата да прогласи вонредна состојба. Меѓутоа тоа никогаш не го направив затоа што бев и се уште сум убеден дека во ниеден политички контекст една институција, која и да е, не смее да ги изолира останатите институции при носењето сериозни одлуки. Затоа имајќи ги предвид причините поради кои ги прогласував досегашните вонредни состојби сметам дека во вој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, рече претседателот Пендаровски во денешното обраќање до јавноста.

Тој истакна дека според инфомраиците од Владата, во изминатиот период се обезбедени доволни количини медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија. Во прилог на тоа, рече, говори и тоа што Владата овојпат не достави барање за воведување нова вонредна состојба.

-Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки, истакна шефот на државата.

Друга заблуда, според него е поврзаноста на вонредната состојба со датумот на изборите, бидејќи како што појасни тие може да се одржат и во вонредна состојба со мала измена на уредбата, во која наместо изборните роковите да течат по завршување на вонредна состојба да стои дека течат и за време на вонредна состојба.

-Знам дека нјаголемиот број наши грашѓани не размислуваат за избори во време кога имаме пораст на заболени, но избори и во време на корона, која нема да замине наскоро, се неоопходни за да добиеме функционален наместо распуштен парламент и легална и легитимна наместо техничка влада, потенцира Пендаровски.

На таа тема имал и комуниакција со лидиерите на политичките партии и комуникација со стератешките партнери од меѓународната заедница.

– Власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР, дека  ДИК во осработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање на граѓаните и безбеден престој во просториите за гласање на членовите на избирачките органи, и домашните и меѓународните набљудувачи. За жал, власта и опозицијата битно не ги приближија своите ставови за датумот на изборите, истакна Пендаровски.

При организирање процес кој не би бил инклузивен, рече, постои потенцијална опасност и можен неповолен развој на настаните.

-Знаеме дека нашето општество е со години поларизирано по различни основи. Говорот на омраза ги продлабочува разликите по политичка етничка, верска и партиска линија. Од март оваа година се наоѓаме  во комплексна здравствена криза заради пандемијата. Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена правна регулатива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за дестабилизаијца преку хибридни закани и лажни вести, не можеме да исклучиме дека евентуланата правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна, рече претседателот.

Затоа тој упати јавен повик до претседателите на најголемата партија на власта Зоран Заев и најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски да седнат заедно уште денеска за да се најде излез од оваа ситуација со ставање на државните над личните и партиските интереси.

-Во спротивно само ќе ја отвориме вратата за уште поголема внатрешна криза при што нема да ја доведеме во прашање само нашата европска перспектива, туку, многу поважно, ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе на крај со пандемијата за што ни е потребен јасен државен консензус и стабилни институции, посочи претседателот Пендаровски.

Кризите од вакви размери во светот често, посочува, резултираат со обединување  на луѓето околу заедничките цели и вредности.

-Нема ниту една единствена причина кај нас оваа криза да биде извор на нови поделби кои низ нашата историја сме ги имале премногу, истакна претседателот.

Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај. Претходните две беа триесетдневни, а првата беше прогласена на 18 март.

Next Post

Ангеловска: Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати заштити 140.000 работни места

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk