ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

По 25 години, реобјавен прирачникот за правоговор на деца и возрасни

June 13, 2020 10:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

По 25 години e реобјавен и онлајн промовиран прирачникот за правоговор „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ од авторите Владо Димовски и Јордан Јорданоски. Иако е објавен во 1995 година, книгата и денес е меѓу најупотребуваните практични прирачници во областа на артикулативно-говорна и јазична проблематика.

-По цели 25 години прирачникот излегува повторно од печат, преуреден и осовременет со нови илустрации, што одговараат за дадената (лексичка) положба на секоја од разработените фонеми, соопшти издавачот за прирачникот кој се применува во практиката за работа со деца и го користат воспитувачи, наставници и логопеди.

По повод објавувањето на новото издание, еден од авторите, Владо Димовски, на промоцијата истакна дека идејата настанала во времето кога со коавторот (починатиот Јордан Јорданоски) ја подготвувале утринската емисија „Јазична работилница“ на Македонското радио.

-Оваа книга е една голема љубов, без некакви специјални претензии. И затоа е успешна. Еден долготраен процес, прецизно планиран, со соодветни вежби, но и со песнички и приказни кои лесно се паметат. Сериозна, но и шарена книга, со многу илустрации, со една единствена цел, да им се допаднеме на децата, да споделиме љубов. Брзо ја прифатија воспитувачите во градинките и наставничките во нижите одделенија во основните училишта. Всушност, открија дека со книгата можат сами да ги водат и да ги осмислуваат вежбите со децата кои имаат проблеми со изговорот на некој глас, истакна Димовски на онлајн-промоцијата.

Покрај реизданието на овој прирачник, издавачот промовираше и новата книга на Димовски, насловена „За секоја буква приказна“. Таа може да се користи како дополнување (вежбанка) на прирачникот, но и независно во фазата на описменување на децата. Оваа нова книга содржи 31 приказна – за секоја буква од македонската азбука./МИА/

Next Post

Ангеловска: Ќе се поттикнува купување домашни производи со поврат на ДДВ од 20%

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk