ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: 16 медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката

June 13, 2020 14:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Родилката која беше во Гинеколошко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање согласно состојбата која што тоа го дозволила во лесна состојба таа заминала на домашно лекување.

На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа. Клиниката функционира добро и работата не е компромитирана, рече министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за овој случај.

На уште едно новинарско прашање како ќе се пополни новото болничко крило на струмичката болница со медицински кадар, министерот Филипче истакна дека во изминатите три години многу е направено за здравствениот систем, суштински работи и промени кои не биле направени и повеќе од 20 години, а тоа е вистинска инвестиција во здравствениот кадар и стимулирање на лекарите и медицинските сестри, но и младите лекари иднината да ја бараат тука, во земјата.

-Анкетите кои ги правиме со студентите на последнаа година на студии се многу поразлични од порано. Над 30 до 40 проценти сакаа да заминат до земјава, а сега тој процент е многу помал. Зошто? На секој млад лекар му дозволивме со платен стаж да остане тука и да го добие работното место. Прво во здравствен дом каде ќе работи со поискусните,постари колеги, во итната медицинска служба, патронажните сервиси, пунктовите за имунизација и оттука да почне специјализацијата. На тој начин со повеќе од пет илјади изадени согласности се вработија огромен број лекари и медицински сестри и значајно се зајакна капацитетот на апсолутно секоја јавна здравствена установа. Паралелно на тоа инвестиција во инфраструктурата и во опремата, мислам дека во над 40 јавно здравствени установи значи многу. Да се стимулираат младите лекари да останат овде, во земјата, а пациентите да знаат дека секогаш може да сметаат на подготвеноста на нашиот здравствн систем. Паралелно на тоа свесни дека затекнавме систем во кој што има недостаок на лекари, дозволивме со законски измени да има ротација на здравствениот персонал, одговори министерот за здравство.

Дополни дека од еден здравствен дом или болница во друга може лекар да доаѓа, медицинска сестра, да даде здравствена услуга и да ја доближи до граѓаните да не мора да патуваат. Филипче рече дека тоа функционира и тука во регионот, од струмичката болница и кон неа во другите болници и тој систем одлично функционира на територијата на цела држава./МИА/

Next Post

Нови 196 случаи на коронавирус во последното деноноќие, 90 позитивни во Скопје

НАЈНОВО

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

August 27, 2025

Драмски театар Скопје со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

August 27, 2025

Познати 32 учесници во Лигата на шампионите, остануваат слободни уште четири места

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk