ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонските граѓани во март потрошиле над 10 милиони евра онлајн

59,4 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во земјава останале во земјава, додека 40,6 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство.

June 16, 2020 07:44
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Близу 30 милиони евра потрошиле македонските граѓани на е-продавници во првите три месеци од годинава, а само во март 10,1 милион.

Анализата на Асоцијацијата за е-трговија покажува дека во текот на првите три месеци од 2020 година Македонците со домашни картички кон македонски е-продавници потрошиле вкупно 28,9 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 17,9 милиони евра (61,5 отсто) во однос на истиот период претходната година.

-Пандемијата со коронавирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето наместо кон странски земји го пренасочија кон домашни е-продавници. Влијание кон ова секако има и затворањето на границите и комплексноста која се појави со доцнењето со испорака на производи купени од странство, како и стравот од нарачка на производи кои потекнуваат пред се од земји кои беа со голем број на заразени од вирусот Ковид-19, наведуваат во анализата.

Од Асоцијата велат дека податоците за растот на бројот и вредноста на трансакции укажуваат на тоа дека граѓаните стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките,  особено кон домашни е-продавници.

-Голем дел од трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата онлајн, кон странски земји во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е-продавници, стои во анализата.

Ограничувањата на движењето кое беше на сила од средината на март, зголемениот број на новоотворени онлајн продавници во Северна Македонија, а со тоа и поголемата понуда на производи и услуги онлајн од страна на домашните компании, износот на трансакции кон домашните е-продавници пораснал во однос на странските е-продавници. Конкретно, 59,4 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во земјава останале во земјава, додека 40,6 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство.

Од Асоцијата оценуваат дека свеста за е-трговијата се менува, а бум на е-трговијата имало во месец март.

-Имателите на домашни платежни картички (платежни картички издадени од македонски банки), значајно го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите во март 2020 кон е-продавници што функционираат во земјава. Бројот на онлајн трансакции реализирани од страна на физички лица во месец март годинава, во корист на виртуелни места на продажба во Македонија бележи пораст од 99 отсто во однос на месец март претходната година. Конкретно, годинава реализирани се вкупно 367.535 трансакции, за разлика од претходната година кога биле реализирани 184.652 трансакции, наведуваат од Асоцијацијата.

Додаваат дека ако се земе предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава, исто така, има огромен раст имајќи предвид дека во текот на март 2020 година се потрошиле 10,1 милиони евра од македонски купувачи кон македонски компании што продаваат онлајн, за разлика од 5,2 милиони евра во текот на март 2019 година. Станува збор за раст од 94,2 отсто.

Во земјава заклучно со 31март 2020 година активни се 1.078 витруелни ПОС уреди. Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31 март 2020 година во Република Северна Македонија активни се 1.078 продажни места. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места што се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. За период од три месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 58 новоотворени, покажува анализата на Асоцијацијата.

Согласно податоците кои Асоцијацијата за е-трговија ги обезбеди од петте банки кои ја нудат услугата е-трговија, само во март банките имплементирале 42 нови е-продавници и согласно тој податок во месеците јануари и февруари годинава се имплементирани вкупно 16 е-продавници./МИА/

Next Post

Истанбул и Санкт Петерсбург ќе бидат домаќини на финалето на ЛШ во 2021 и 2022 година

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk