ЏАФЕРИ синоќа го потпишал решението за распишување избори и истото е пратено до ДИК.
ГЛАСАЊЕТО на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.
ЗА три дена, односно на 19 јуни во земјава пристигнува набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој ќе биде подготвен за работа од 22 јуни.
ДВАЈЦА кандидати за ректор нa Универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“ вчера поднеле приговор до Универзитетската комисија за избор на ректор.
ЗЕКИРИ: На најголемиот непријател не би му го посакал она низ што поминав со семејството.
ПРЕКУ мерката МојДДВ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.
ИСТОРИЧАРИТЕ од земјите од поранешна СФРЈ усвоија Декларација со порака историската наука да не се користи за политички цели.
ВО Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација.
СУГАРЕСКИ: Експресен пат Штип – Кочани, капиталните проекти се реализираат со одлична динамика.
ВО изолација уште 860 лица, 199 во самоизолација, а 559 не носеле маски.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје до судот денеска достави предлози за издавање казни од по 2.000 евра против 29 лица кои го прекршиле полицискиот час.
ДОНАЛД Трамп ги отфрли апелите за откажување на митингот поради ризик од Ковид-19 и најави трипати помасовен настан од планираното.