пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Три дена медиуми и социјални мрежи се бават со фотките од Италија и Германија со кои Министерството за економија промовира домашен туризам.
Ама, и за ова е крив Заев и неговиот Пи-ар. А не партијата и кадарот што раководи со ова министерство и ја спроведува кампањата.
Тоа е истата партија која после сите „достигнувања“ за својот електорат, нуди Албанец премиер. Која со години се истакнува со својата компетентност и одговорност, и е особено позната по вакви „трето уво“ дизајнери.
Па сетете се пред некој ден Бујар Османи за да биде сам со Папата на слика објави третокласна фотомонтажа, со увото на Петре Шилегов на глава. Да не заборавиме на фамозното селфи на Артан Груби со „Неџат Аголи“.
Заев е крив, пиарџиите на Владата се криви? Или е во прашање добро обмислена негативна хајка на старата добра дуи+нг бизнис коалиција? ?