ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Се извинивме за грешката, ако е намерна ќе има одговорност

June 17, 2020 14:00
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Симболиката беше да дадеме пример, но истовремено и порака дека иако немаме море во нашата држава, имаме планини, езеро. Фотографијата е веќе сменета. Во моментот работиме на дополнителни фотографии од нашите туристички дестинации, а годинава ќе имаме прилика и речиси неделно да ги менуваме фотографиите. Ако е направена намерна грешка, секако дека ќе има одговорност.

Вака министерот за економија, Крешник Бектеши одговори на новинарското прашање во врска со направениот превид при објавувањето на Платформата „Дома си е дома“ која првично осамна со фотографија од езерото Кенигсе во Германија.

Целта на Платформата, објасни Бектеши, не е промоција на домашните дестинации, туку транспарентност – граѓаните што полесно да имаат увид дали добиле ваучери и во кои хотели или угостителски објекти може да ги користат.

Бектеши го оправда и го пофали Секторот за туризам, изразувајќи му јавна благодарност зашто ја искреирал Платформата за само десет дена, невремено, иако воедно одговора и на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните. Човечки е, според министерот, да се прават грешки и не треба да се гледа само на негативната страна.

-За фотографијата веќе се извинивме, а за грешката ќе ги разгледаме сите можности и ако е намерна, ќе има одговорност. Секторот има знаење и работи професионално, а грешки може да се случат. Да не ја гледаме само негативата, туку и позитивната страна. Во моментов Секторот одговара на 30.000 меилови за да им излезе во пресрет на граѓаните и работи на транспарентно издавање 117.000 ваучери. Ги знам луѓето кои раководат со него и не би се согласил дека некој од нив знае или не постапува согласно задачите што ги има. Токму овој Сектор е заслужен за многуте програми во претходните години кои резултираа со зголемен број странски и домашни туристи, напомена Бектеши.

Платформата „Дома си е дома“ осамна со насловна фотографија од езерото Кенигсе во Германија. Освен авторот на фотографијата Симон Мигај кој прв реагираше, на социјалните мрежи имаше и голем број критики, па и шеговити и саркастични коментари и постови од наши граѓани за направената грешка. По ова, Министерството за економија ја смени фотографијата со пејзаж од Охрид. Во соопштение до медиумите се извини и објаснни дека превидот е направен зашто, наводно, фокусот во тој момент бил ставен на функционалноста на Платформата со цел ваучерите да бидат испорачани навреме.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија пред два дена.

Next Post
Училиште во Љубојно (Фото: Ѓ. Личовски, sdk.mk)

Разурнатото училиште во Љубојно, ќе стане центар за промоција на македонскиот јазик

НАЈНОВО

Фото: МИА

Милевски: Нашите фудбалери се феномени

November 6, 2025
Фото: „Стоби 2025“

Претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмскиот театар Скопје прогласена за најдобра на Фестивалот Стоби 2025

November 6, 2025

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за „Онкологија 2“

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk