ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Голема акција на Град Скопје за уредување на северната страна на кејот на Вардар

Ова го работиме заедно со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката. Целта е скопјани да добијат нов, добро уреден јавен простор, рече градскиот татко, Петре Шилегов.

June 17, 2020 20:17
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.

Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму каде што е потребно ќе ги обноват патеките, ќе го уредат зеленилото и ќе го заменат осветлувањето. Во акцијата ќе се вклучи и УНДП преку имплементација на проект за поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад.

Тој потсети дека соработката на Градот Скопје со УНДП е перманентна и се одвива на повеќе нивоа и во повеќе проекти – еден од нив е и зелениот покрив на Градскиот трговски центар кој што стана омилено катче на граѓаните.

– Таа соработка ќе ја прошириме и ќе ја продлабочиме зашто од неа излегуваат квалитетни проекти и за граѓаните и за самиот град – нагласи Шилегов.

– Оваа страна од регулираното корито на реката Вардар беше чудно запоставена и токму поради таа запоставеност во последниве две и пол години во неколку наврати тука имавме акции за расчистување мини депонии. Сега, левата страна на коритото целосно ќе ја уредиме за граѓаните да ја користат како што ја користат десната страна, односно ќе ја изедначиме и по квалитет на инфраструктурата и според можностите што се нудат на граѓаните.

Истовремено ќе го засилиме инспекцискиот надзор. Ова го работиме заедно со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката. Целта е скопјани да добијат нов, добро уреден јавен простор. Отвораме нови јавни простори за нашите сограѓани, зашто токму заради пандемијата од вирусот Ковид-19 се препорачува на граѓаните на безбеден начин да го користат јавниот простор – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на акцијата за чистење.

Next Post

Филипче: Клиниките оптоварени, персоналот исцрпен, очекуваме повеќе примени од испишани пациенти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk