ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 21 часот: Само во диктаторските глави на ДПМНЕ невладините имаат сопственици, демант и барање за јавно извинување од Иванка Василевска…

June 19, 2020 21:12
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ со реакција на изјавата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ: Само во диктаторските глави на ВМРО-ДПМНЕ невладините организации имаат сопственици.

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче информира дека под 15 проценти од заболените од вирусот КОВИД-19 во земјава се на болничко лекување, дел се со полесни симптоми и на домашно лекување, а останатите се асимптоматски случаи.

– Не постои ниту еден единствен анкетен епидемиолошки податок кој што укажува дека некој се заразил со коронавирусот ако ги почитувал мерките, рече министерот за здравство.

– Нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат од нашите виролози.

– Филипче најави дека викендов ќе дискутираат за отворање на границите некаде од почетокот на следната недела без карантин и без Пи-си-ар тестирање, но оти засега нема да препорача отворање на градинките.

ВЛАДАТА вечерва на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот, информираат од Министерство за правда.

РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби јa демантира изјавата која беше дадена на прес конференција од страна на Иванка Василевска од BMPO ДПМНЕ: Изјавата е базирана на голем број невистини за кои ние како Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби бараме јавно извинување од Иванка Василевска и нејзината политичка партија.

ГЛОБАЛНАТА пандемија на новиот коронавирус се забрзува, вчера беа регистрирани 150.000 нови случаи – најмногу во еден ден, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

СОВЕТОТ за човекови права на ООН едногласно усвои резолуција во која се осудува системски расизам и полициско насилство, по историска дебата и повлекување на дел од текстот насочен кон САД.

ВАТИКАН ги повикува католиците и приватниот сектор „напредно и без одлагање“ да отстапат од охрабрувањето на производителите на фосилни горива и други ентитети кои ги поттикнуваат климатските промени.

„ДОЈЧЕ Телеком“ објави дека ја пуштаат во погон „најголемата 5Г-мрежа во Германија“, која на почетокот ќе нуди услуги на 16 милиони корисници во над 1.000 населени места. Од компанијата велат дека до средината на јули ќе опфатат 40 милиони корисници.

НАЈВИСОКИОТ суд во Франција, Државниот совет ја потврди пресудата на понизок суд со која му нареди на „Гугл“ да плати казна од 50 милиони евра поради тоа што не бил „доволно јасен и транспарентен“ во однос на правата на корисниците на андроид за заштита на податоците.

СПОРЕД последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 8.647.266. Од нив починале 458.053, а оздравеле 4.571.782 луѓе.

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Не постои ниту еден податок дека некој се заразил ако ги почитувал мерките

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk